28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Ползата од црешите

Ползата од црешите

Секој знае колку се вкусни црешите, но не секој знае какви се конкретните бенефиции за нашето здравје кога ги конзумираме.

Црешите можат да ја олеснат главоболката, да помогнат во избегнување на предвременото стареење.

Во оваа статија се претставени неколку причини зошто да јадеме цреши.

Црешите помагаат во борбата против ракот:

Црешите како и многу други плодови се богат извор на антиоксиданси.

Тие помагаат да се спречат штетите кои слободните радикали се нанесуваат на клетките на организмот. Queritrin се флавоноиди, кој се содржат во црешите и се едни од најмоќните противоракови агенти. Редовната конзумација на цреши овозможува борба со клетките на ракот во организмот.

Црешите, исто така содржат елагова киселина, позната како анти-канцерогенно/анти-мутагенно спој. Некои истражувачи велат дека елаговата киселина може да биде најефикасниот начин за спречување на рак.

Другото соединение кое го има во црешите е перилов алкохол (POH), кој е исклучително моќен антиоксидант и ја намалува во голема мера појавата на сите видови на рак. Истражувачите откриле дека POH го запира растот на клетките и ги лишува од протеини, кои придонесуваат за развој.

Црешите помагаат за олеснување на артритис, болки и напади на гихт

Црешите содржат две моќни соединенија, антоцианини и биофлавоноиди. И двете соединенија ги забавуваат ензимите Cyclo-oxyygenase-1 и – 2, што помагаат за олеснување и спречување на артритис и напади на гихт. Црешите го намалуваат стресот и го спречуваат предвременото стареење. Црешите се богати со две важни флавоноиди, isoqueritrin и queritrin кои дејствуваат како антиоксиданси и помагаат во отстранувањете на стресот и го забавуваат процесот на стареење.

Црешите се ефикасни кај мигрената

Црешите помагаат за намалување на воспаленијата во организмот. Антоцианинот и биофлавоноидите имаат слична дејност како аспиринот и ибупрофената. Црешите го подобруваат циркадниот ритам на организмот. Антиоксидантот мелатонин, кој се содржи во црешите, значително го подобрува циркадниот ритам на телото.

Останува само едно прашање – како да ги искористиме сите придобивки кои ги обезбедуваат црешите. Мал број свежи цреши се омилен десерт во текот на летото, но ако сакате преку конзумирање на цреши да влијаете на здравствената состојба, тогаш треба да започнете со концентриран сок од цреши. Комбинацијата од концентрат од боровинки, концентрат од калинка и концентрат од цреши се супер-хранливи, целосно природни и многу вкусни. Оваа комбинација може да биде секојдневен прилог на вашата здрава исхрана и да придонесе за спречување на предвременото стареење.

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …