19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Има пари за исплата на субвенции на земјоделците

Има пари за исплата на субвенции на земјоделците

Земјоделците со нетрпение ги очекуваат парите за субвенции, оти штетите од временските неприлики беа големи и ќе влијаат и врз обемот на производство и висината на цените

Министерството за финансии чека официјална објава на Уставниот суд откако вчера судот поведе постапка за оценување на уставноста на еден член од Изборниот законик и уште еден од Законот за спречување на корупцијата, со кои е оневозможена исплатата на субвенциите до формирање на нова влада. Според министерот Миноски, постои постапка во Уставниот суд која трае неколку дена пред да се објави и официјално решението. Кога тоа ќе се случи, парите ќе почнат да се префрлаат на сметките на земјоделците, пишува Вест.

Земјоделците со нетрпение ги очекуваат парите за субвенции, бидејќи штетите поради временските неприлики беа големи и ќе влијаат врз обемот на производство и висината на цените.

Пари за исплата на субвенции има – потврди Миноски. Ликвидноста засега е на солидно ниво, па нема да има потреба од ребаланс на буџетот или издавање на еврообврзница за обезбедување на потребни средства – вели тој. Наплатата од даноци и други давачки била на соодветно ниво, а домашниот пазар бил доволно ликвиден.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …