19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Нова компанија во Македонија ќе одгледува и произведува канабис за медицински цели

Нова компанија во Македонија ќе одгледува и произведува канабис за медицински цели

Откако минатата недела се промовираше новата германска инвестиција во Желино, тетовско, од вчера официјално почнува со работа и уште една компанија, овој пат од медицинската индустрија, која доаѓа од САД, а инвестира во Скопје. Компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како “NYSK Holding”, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 вработени што значи сигурна егзистенција на 200 семејства.

Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 m2 кој го адаптираа за своите бизнис цели. Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа. Значи ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети.

Првичните контакти со сопствениците на NYSK Holding се направени пред 4 години, за време на една бизнис промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД. Комуникацијата продолжи и еве сега следува реализација на оваа инвестиција.

 

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …