29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Растителното производство во вкупното производство учествува со 69.4%, a добиточното со 21,5%

Растителното производство во вкупното производство учествува со 69.4%, a добиточното со 21,5%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2015 година изнесува 51860 милиони денари и во однос на 2014 година бележи номинален раст од 2.5%. Раст е забележан и кај земјоделската “деловна гранка” од 1.8% во однос на 2014 година.

Растителното производство во 2015 година (кое во вкупното производство учествува со 69.4%) бележи раст од 1.7% во однос на 2014 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21.5%) порасна за 2.6% во однос на 2014 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2015 година, бележи пораст од 0.8% во однос на 2014 година.

Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2015 година бележат пад и тоа: 2.6% кај номиналниот и 3.3% кај реалниот доход од производните фактори.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …