29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / До крајот на неделата ќе продолжи исплатата на субвенциите

До крајот на неделата ќе продолжи исплатата на субвенциите

Исплатата на субвенциите ќе продолжи до крајот на неделава. Се чека потписот на новоназначениот директор на Платежната Агенција Игор Златков. По завршување на формалностите околу официјалното преземање на директорската фотелја парите треба да легнат на сметките на змејоделците.

Субвенциите не се исплаќаат веќе пет месеци. Застојот настана поради различните толкувања на Изборниот законик. Според одредбите не може да има исплата се додека не се формира нова Влада. Но минатата недела Антикорупциската комисија пресече со позитивен став дека исплатата може да продолжи, соопштуваат од Сител.

Земјоделците најавија протести доколку не ги добијат парите неделава. Велат дека немаат пари за пролетната сеидба. Принудени се сами да се снаоѓаат и да ги покриваат производствените трошоци.

И претходно не се исплаќаа субвенции поради предвремените парламентарни избори кои требаше да се одржат во јуни.

Со програмата за 2016 треба да се исплатат околу 90 милиони евра. Земјоделците треба да ги добијат парите најдоцна до 30 јуни годинава.

сител.тв

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …