18 корења за здравје (втор дел)

November 3rd, 2017 | by Gradina Mug
18 корења за здравје (втор дел)
Лек
0

(втор дел) Коренестиот зеленчук и јадливите грудки се богати извори на витамини, минерали, влакна и голем број други вредни хранливи материи.

Корените на растенијата се поздрава алтернатива од свежо овошје и зеленчук.

Коренестите и грудкови зеленчуци не се само вкусни кулинарски задоволства, но и ефикасни лекови. Тие се интегрален дел од нетрадиционалната медицина.

Ротквица – Овој коренест зеленчук содржи многу витамини, калциум, етерични масла. Честото конзумирање на ротквицата помага при дигестивни проблеми, депресија, дебелина.

Целер – најздравите квалитети на овој коренест зеленчук помагаат при дигестивни проблеми, болести на уринарниот тракт, проблеми созглобовите. Тој тонизира, ја подобрува мозочната активност, го подобрува имунитетот, има силни антисептички својства.

Пашканат– бел морков со магдонос листови. Овој корен е исклучително богат со витамини и минерали. Пашканатот има диуретично и антисептично дејство, помага при бубрежни болести – камења, ја подобрува функцијата на гастроинтестиналниот тракт.

Ѓумбир – Тој е согорувач на маснотиите. Ова коренесто растение има незаменливи здравствени квалитети – го намалува нивото на лошиот холестерол, штити од кардиоваскуларни проблеми, има тонизирачко, аналгетично и антибактериско дејство, ја подобрува меморијата, помага при настанување на мускулни проблеми.

Лук – еден од непроценливо природните антибиотици. Лукот е богат со витамин Ц, поради што е ефикасен лек при грип и вирусни заболувања, го зајакнува имунолошкиот систем, тонизира, ја стимулира циркулацијата, има антибактериско дејство и се применува надворешно за лекување на рани.

Жен-шен – енергетскиот корен. Овој корен има имуностимулирачко дејство, инхибира создавање на канцерогени клетки, го стимулира создавањето на ендорфин и го поттиснува стресот. Жен-шенот се нарекува уште “машки корен”, бидејќи помага при еректилна дисфункција.

Мака – тропски афродизијак. Ги ублажува симптомите при менопауза, го регулира месечниот циклус, помага при физичка и ментална слабост.

Тартуфи – безбожно скапи, но исклучително здрави. Тартуфите се богати со витамини и протеини, сиромашни се на холестерол и маснотии.

Comments are closed.