Почетна / Градина / Вести / 12 работи кои не сте ги знаеле за Јужна Африка

12 работи кои не сте ги знаеле за Јужна Африка

Туристите знаат многу работи за Јужна Африка, но има и работи кои сигурни сме дека не ги знаат. Јужна Африка стана популарна дестинација по Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Таа е со големина на Германија, Франција и Италија заедно. Деветте провинции во земјата се многу различни, што се однесува до вегетацијата, климата и дивата природа. Во Јужна Африка живеат околу 51 милиони луѓе, а годишно ја посетуваат околу 8.5 милиони туристи.

Според владиниот план до 2020 година се очекува 15 милиони туристи да ја посетуваат земјата годишно.

Туристи од целиот свет доаѓаат за да видат еден од најубавите градови во светот – Кејптаун, како и Националниот парк Кругер, кој е еден од најголемите резервати во Африка. Сепак постојат неколку работи што не секој ги знае за Јужна Африка.

1. Водопадот Tugela има 948 метри и тој е втор по височина водопади во светот. Највисокиот е Angel Falls во Венецуела, висок 979 метри.

2. Во Јужна Африка има околу 20 000 домашни растителни видови (околу десет проценти од сите растителни видови во светот). 80 проценти од нив се јужноафрикански.

3. Во пасиштата на Јужна Африка има 30 различни растителни и животински видови на квадратен километар – тоа е поголема разновидност отколку во тропските шуми.

4. Во Јужна Африка се наоѓа најголемиот во светот “кратер”, предизвикан од метеорит, до реката Ваал при Parys. Пред околу две милијарди години таму паднал метеорит – уште пред да имало дури кислород и многоклеточни животни на Земјата.

Види

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2018 …