Упатство за формирање на тревник: 7 факти за тревата

October 26th, 2017 | by Gradina Mug
Упатство за формирање на тревник: 7 факти за тревата
Совети
0

• Тревното семе во сенка побрзо р`ти од истото на сонце. Затоа што на тие места влагата подолго се задржува.

• Плевењето диви треви е најдобра и најздрава терапија против стрес. Докажано и проверено ! Безопасно е пробајте!

• Со редовно полевање и 1х неделно косење, тревникот визуелно згуснува за 30-45 дена.

• Млада трева во фаза на р`тење, може да се суши во кругови или флеки заради болест, која се јавува како резултат на високи температури над 30 º и висока влага во почвата.

• Болести и штетни инсекти (ларви) ја напаѓаат и старата трева.

• Покрај редовно полевање, ѓубрење и косење, на тревата и е неопходно и проветрување.

• Мовта во тревата може да биде настаната од повеќе причини : сенка, претерано и често полевање, недостаток на кислород во почвата, испоснета недоволно прихранувана почва,
закиселување или лоша дренажа.

Трајно се отстранува со отстранување на причинителот !

За повеќе информации можете да го посетите градинарскиот центар ФОЈА

Comments are closed.