Со комбинација од вода и сув грозје ќе ги исфрлите сите отрови од телото за четири дена (рецепт)

November 1st, 2017 | by Gradina Mug
Со комбинација од вода и сув грозје ќе ги исфрлите сите отрови од телото за четири дена (рецепт)
Лек
0

Црниот дроб е голем орган во нашиот организам кој се наоѓа во горниот дел од стомакот на десната страна.

Има многу важни и комплесни функции: производство на протеини; синтеза, депонирање и процесуирање на мастите, метаболирање и складирање на јаглените хидрати; елиминација, метаболирање и излачување на потенцијално штетни биохемиски производи…

Постојат голем број различни болести кои можат да му наштетат на црниот дроб, како хепатитис А, Б и Ц, цироза на црн дроб, замастен дроб и сл. Дополнително, голем број лекови кои ги консумираме поради други болести, можат да му наштетат на овој орган.

Постапка

1.Прво, купете 150 грама суво грозје (црно) од проверен производител.

2.Измијте го грозјето и ставете го настрана.

3. Провријте 400 милилитри вода и во зовриената водата додадете го сувото грозје да се вари на тивок огин уште 20 минути. Количината на вода треба да биде во однос 3:1. Па така, ако сте ставиле една чаша суво грозје, налејте три чаши вода.

4.Оставете да отстоипреку ноќ

5.Наредното утро процедете ја водата и доколку сакте можете повторно да ја стоплите. Важно е оваа вода да се пие на празен стомак, а по половина час може да појадувате.

Употреба:

Напитокот може да се пие ладен, топол или врел. Се пие наутро на гладен стомак. По два дена ќе ги забележите првите ефекти од овој домашен пијалак. Меѓутоа, иако ќе се почувствувате подобро за само два дена, се препорачува да се пие барем 7 дена.

Овој третман може да го повторувате секој месец.

Совет плус: Од големо значење е да ја избегнувате брзата храна и алкохолните пијалаци за време на ова чистење, за да има полн и целосен ефект.

Извор: makedonijadenes.com.mk

Comments are closed.