Си вградил опрема од 1.800 евра во својот трактор! Тој е главна атракција во неговото село

May 19th, 2017 | by Gradina Mug
Си вградил опрема од 1.800 евра во својот трактор! Тој е главна атракција во неговото село
Вести
0

Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој потрошил 7.000 турски лири (приближно 1.800 евра) за најсовремено музичко озвучување кое го вградил во својот трактор.

Селанецот е главна атракција во селото, каде што малку веселба никогаш не пречи никому. Тракторот модел „Маси Фергусон 266-Ге“ и претходно имал доста солиден стереосистем, но ексцентричниот фармер не бил задоволен од „количината“ децибели коишто тој ги произведува, па затоа решил да го надгради со звучници со поголема моќност, грамаден субвуфер, поддржан од уште помоќни засилувачи, пишува think.

Интересот на медиумите го натера Мурат да подразмисли и за бизнис можностите, кои му ги отвора популарноста. Тој во една прилика изјави дека има идеја да го издава својот трактор под наем, за свадби и други свечености.

Comments are closed.