По седми пат организиран Фестивалот на фигури од овошје и зеленчук „СОЧНИ ФИГУРИ“

October 29th, 2017 | by Gradina Mug
По седми пат организиран Фестивалот на фигури од овошје и зеленчук „СОЧНИ ФИГУРИ“
Храна
0

Здружението за промоција и едукација за храна и заштита на биодиверзитетот SLOW FOOD „Св. Наум Охридски“ по седми пат го организираше Фестивалот на фигури од овошје и зеленчук СОЧНИ ФИГУРИ. Иако со задоцнување заради изборите, поводот е Светскиот ден на храната 16 Октомври. Поканети беа повеќе училишта од земјава, чии што учесници со своите имагинации и вештини ги воодушевија посетителите. Целта на проектот „Здрави навики, преку здрава храна“, чија завршница беше Фестивалот, беше социјализација и прифаќање на децата со посебни образовни потреби од општата популација.

Comments are closed.