Ова се дел од причините зошто да јадеме лути пиперки

October 27th, 2017 | by Gradina Mug
Ова се дел од причините зошто да јадеме лути пиперки
Градина
0

Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, ќе го подобрат успехот, ако јадат лута храна, бидејќи лутото го стимулира мозокот. Лутите пиперки се идеални и при грипот и настинката. Ги прочистува дишните патишта и го отпушува носот, а ја намалува и непријатноста при зголемена температура.

Исто така лутите пиперки го зголемуваат нивото на хормоните на задоволството – ендорфин и серотонин. Ги смирува нервите, ги намалува последиците од стресот, ги релаксира нервите и помага на сонот да дојде побрзо.

Лутите пиперки делуваат благотворно на жените со гинеколошки проблеми особено оние кои имаат нередовен месечен циклус, а причината е седечкиот начин на живот, неправилната и нецелосната исхрана, недоволното спиење и одморот.

Лутото го зајакнува коренот на косата и добро влијае на нејзиниот раст, бидејќи ја подобрува циркулацијата на ткивата. Зачинетата храна се препорачува на жените со тенка и кршлива коса и нокти.

Comments are closed.