Ноември во градината

November 3rd, 2017 | by Gradina Mug
Ноември во градината
Совети
0

Месец ноември претставува период во годината кога треба да ја подготвите градината за зимскиот период кој не очекува. Еве накратко неколку совети за кои треба да се погрижите:

Откако хризантемите „есенските убавици“ престанат да цветаат, потребно е да се одрежат колку може пониско и да се исфрлат лисјата со прецветаните цветови.

Ако имате луковици, во овој месец можете да ги садите. Тие ќе започнат да цветаат на пролет. Засаденото може да го покриете со слама, бидејќи ќе спречите да дојде до несакано мрзнење.

Едногодишните растенија може да ги соберете и подрежете. Во овој период најдобро е да се садат многугодишните растенија. Доколку се мислите околу садење на зимзелени дрвца во вашата градина, сега е право време за тоа.

Ако во градината одгледувате рози, исчистете ги местата околу нив и овенатите листови. Сега е време и за собирање на листовите од листопадните дрвја. Нив можете да ги изгниете и употребите за цвеќиња или зеленчукот во градината.

Собните растенија сега ќе имаат потреба од доста светлина, па доколку имате можност ставете ги покрај прозорите.

На крајот, не заборавајте и на вашиот тревник. Во овој месец може да го искосите за последен пат оваа година.

 

Comments are closed.