Кротон – популарно украсно собно растение за домот и канцеларијата

November 6th, 2017 | by Gradina Mug
Кротон – популарно украсно собно растение за домот и канцеларијата
Хортикултура
0

Кротонот потекнува од југоисточна Азија, поточно од Малезија. Претставува исклучително популарно украсно собно растение за домот и канцеларијата.

Висината достигнува 40-60 см, а ширината до 30-40 см. Листовите се насочени настрана и нагоре, обоени со живи бои и необична форма – најчесто овални или во форма на вилушка. Кротонот бара светло место, но да не биде изложено директно на сонце. Директно сонце можете да го ставите во зима, кога сонцето е послабо. Во останатото време кротонот најдобро ќе се чувствува на шарена сенка.

Идеалното место за да одгледувате едно здраво и убаво растение е источниот или западен прозорец. Во однос на температурата, кротонот сака умерени температури и тоа во текот на летото до околу 20-25 степени, а во зима не пониска од 15 степени. Кротонот не сака нагли промени во температурата.

Кротонот е растение, кое има потреба од висока воздушна влажност. Затоа е препорачливо навлажнување на воздухот, особено во жешките летни денови. Сигурен знак за ниска воздушна влажност се кафеави точки на листовите.

Во однос на наводнување, не дозволувајте почвата да се исуши. Во текот на зимата наводнувањето може да биде умерено, а во текот на летото по обилно. Треба да му се обезбеди водопропустлива почва и добра дренажа за истекување на вишокот на вода.

Кротонот е растение кое сака да му биде тесно. Затоа при пресадување избегнувајте ги големите садови. Доколку се решите да го пресадите бидете внимателни и не го допирајте коренот, туку извадете ја целта земја од старата саксија и само дотурете од страните земја.

Размножувањето може да биде преку резници. При одгледување на ова растение, одржувајте ја возудшната влажност и редовно пребришувајте ги лисјата од прашини со крпа.

Comments are closed.