Кои и колку видови бувови се застапени во Македонија

October 30th, 2017 | by Gradina Mug
Кои и колку видови бувови се застапени во Македонија
Животни
0

Кога збориме за бувовите, збориме за едни од најубавите и најкорисните птици на планетава.

Многу малку знаеме за нив и многу ретко размислуваме за нив, но никогаш не е доцна.

Во светот има 225 видови, сите различни по изглед, големина, боја, однесување и место на живеење. Се делат на две современи семејства: Strigidae (типични бувови) и Tytonidae (амбарски бувови).


Различноста на овие две семејства е во изборот на местата за живеење и секакo по нивниот изглед.

На територијта на Македонија застапени се 9 видови бувови и тоа:

Asio otus (долгоушест був)

Ушестиот був – Asio otus

Шумскиот був – Strix aluco

Мочуришниот був – Asio flammeus

Кукувијата (Амбарскиот був) – Tyto alba

Уралскиот був – Strix uralensis

Голем ушест був – Bubo bubo

Кукомјавка – Athene noctua

Шумската кукомјавка – Aegolius funareus

Ќук – Otus scops

 

Долгоушест був (Asio otus)

Со големина од 16-18 см Ќукот е најмалиот був кај нас. Тој е птица преселница (доаѓа и си оди заедно со ластовиците), додека Големиот ушест був со својата големина од 70 см и распон на крилја од околу 2 метри е најголемиот був што ги населува нашите простори.

Ќук (otus scops)

Бувовите се прекрасни ноќни грабливки кои имаат „човечки лик“. Очите и клунот им се поставени исто како и очите и носот кај човекот. Кај некој видови бувови, очите се со иста големина како и човечките, зениците се големи и на тој начин ја собираат максималната количина светлина. Во тоа помагаат и ситните паперје поставени околу очите кои ја рефлектираат светлината директно во зениците. Заради овие карактеристики, гледаат совршено и дење и ноќе. Како и кај поголемиот дел од птиците, очите им се недвижечки, па за да го пренасочат видот мора да ја вртат цела глава.


Шумски був

Comments are closed.