Како до стогодишно дрво во само четири чекори?

April 27th, 2017 | by Gradina Mug
Како до стогодишно дрво во само четири чекори?
Градина
0

Покрај аранжирањето,кое претставува хортикултурно уредување на површини, додавањето на уметнички природни инсталации придонесува да се добие ефект на повпечатлив и понесекојдневен изглед.

Со следниот проект од градинарскиот центар ФОЈА  ќе ви покажат како да добиете изглед на стогодишно дрво, во само четири чекори.

Стебло кое ќе изгледа како да поминало децении во вашиот двор, а може да се постигне со само неколкудневна работа.

   Токму ова ним им претставуваше предизвик и задоволство, па затоа одлучија да го споделат со вас:

→ Чекор 1:
Се одлучивме да изработиме “Инсталација” на дрво од видот Cedrus deodora Pendula- Хималајски чадорест кедар. Вид зимзелено дрво, кое се одликува со чадореста крошна,
која одлично ни одговораше за нашиот проект.
 *Во овој случај “Инсталацијата” претставува изглед на масивно, дебело, старо стебло.


Чекор 2:
Според планот,околу веќе посаденото дрво, изработивме конструкција од челична арматура,  која што  претставува основа за изработка на стеблото, се со цел да постигнеме цврстина на инсталацијата. Дополнително конструкцијата ја укрутивме со затегнување челична мрежа преку арматурата.


→ Чекор 3:
Набавивме кора од паднато старо дрво,околу 6 m2. Потоа парчињата кора ги зацврстивме врз мрежата, притоа водејќи сметка истите да одговараат по текстура. Отворениот простор помеѓу парчињата го пополнивме со мов.


→ Чекор 4:
По завршувањето со изработката на инсталацијата, се продолжи со аранжирање на просторот околу дрвото со растенија. Со што добивме импресивна копија на старно,масивно стебло,а беше добиено во само четири чекори.

Текстот го подготви: градинарскиот центар ФОЈА

Comments are closed.