Зеленчукови сокови – корисни и лековити

October 27th, 2017 | by Gradina Mug
Зеленчукови сокови – корисни и лековити
Лек
0

Најздравите својства на овошните сокови се добро познати. Но, придобивките од зеленчуковите сокови не се помали. Каков и да е вид и режимот на исхрана, усвојувањето на големо количество растителни сокови е повеќе од потребно.

Од bilka не запознаваат со корисните и лековитите својства на соковите од зелка, домати и спанаќ.

Сок од зелка

Овој зеленчуков пијалок е од најголема корист при лекување на чир на желудникот и дуоденумот. Благодарение на зеленчуковиот сок болките кај многу луѓе поминуваат брзо, а раните зараснуваат. Се смета дека токму аминокиселините метилметионин, триптофан, како и аскорбинска киселина, витамин А и К, калиумови соли имаат лековито дејство. Во процесот на лекување учество земаат и хормоните на надбубрежните жлезди, тироидната и на други жлезди. Во сокот од зелка има исто така и содржина на витамин Ц.

Сок од домати

Доматите и сокот од домати реагираат многу поволно при лекување на бубрежни болести и хипертензија. Свежо подготвен сок од домати е исклучително корисен производ, кој има алкална реакција. Во него има содржина на материи кои ги помагаат метаболитичките процеси во организмот.

Освен тоа е неверојатен извор на железо, фосфор, калциум и витамин Ц. Во црвените сорти домати има богата содржина на каротин, кој не се уништува дури и при готвење. Дневната доза која може да се земе е 700-800 мл.

Сок од спанаќ

Comments are closed.