Есенско сузбивање на плевели

November 8th, 2017 | by Gradina Mug
Есенско сузбивање на плевели
Вести
0

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни култури. Со навремено извршување на хербицидната апликација, обезбедуваме оптимални услови за развој на културното растение (непречен пристап до хранливите материи и влагата во почвата, како и непречено продирање на сончевите зраци).

Плевелните видови растенија имаат „пониски” прагови на минимум потребни услови за нивно никнување и развој отколку културните растенија.

Затоа, уште од есен може да се забележи дека во посеаните парцели (со пченица и јачмен) први никнуваат плевелите, а и доколку посевот никне прв, плевелите многу брзо го надминуваат. Затоа е најдобро апликацијата против плевелите да се изврши уште од есен, веднаш по сеидбата.

Временскиот термин за извршување на оваа апликација е најдобро да се планира не според развојните фази на посевот или плевелите, туку според расположливото време кое го имаме, „слободната” механизација, поволните временски услови и работната сила. Доколку наброените фактори се „на наша страна”, можеме веднаш после сеидбата да ја извршиме оваа агротехничка мерка и мирно да ја дочекаме пролетта.

Comments are closed.