Генетски модифицираните рози траат цел месец 

May 19th, 2017 | by Gradina Mug
Генетски модифицираните рози траат цел месец 
Вести
0

Научниците од целерот го издвоија генот „манитол хидрогеназа“ кој ќе им помогне на розите да се борат со болестите и да го задржат свежиот изглед и цел месец по берењето.

Розите кои за Валентајн се даруваат во големи количини низ целиот свет сега би можеле значително подолго да останат свежи, миризливи и убави.

Научниците со розите инјектирале ген од целер по што нивната трајност била продолжена за цел месец. Истражувачите од Универзитеот Северна Каролина откриле дека генот од целер исто така им помага на розите да се борат против разните болести и габични инфекции.

Некои патогени габи произведуваат шеќерен алкохол манитол, кој ја блокира способноста на растението да се бори со болестите и разните штетници, а резултатот е изглед кој е сличен на зелената салата откако поминалеа долго време во фрижидер.

Со намера да го продолжат животниот век на розите д-р Џон Дол и д-р Џон Вилијамсон издвоиле ген од целерот наречен манитол дехидрогеназа. Генетски модифицираните рози моментално растат во експериментална градина.

„Овој ген приридно се наоѓа во многу билки, но нејасно е дали розата го има и дали го произведува во доволна количина за да биде заштитена од болести“ – смета д-р Вилијамсон.

Comments are closed.