Во градинарскиот центар Фоја по ТУЈА Смарагд

November 9th, 2017 | by Gradina Mug
Во градинарскиот центар Фоја по ТУЈА Смарагд
Хортикултура
0

Релаксирачкиот разговор, желба за убави работи и љубовта кон растенијата, се работи кои зближуваат. Не постои полесен начин за релаксација и опуштање, од престој во убаво среден двор или тераса. Ниту пак друга активност како што е уредувањето на сопствениот двор, која ќе ни ја врати позитивната енергија и ќе направи да се чувствуваме продуктивни и среќни! Не е случајно зошто источните народи толку многу време посветуваат на хармоничното уредување на својата околина.

Градинарскиот центар ФОЈА отсекогаш настојувал да им помогне на своите посетители, да им понуди широк асортиман на декоративни садници, да ги посоветува, да овозможи нови искуства и радости.

Во Фоја сите се добродојдени! Сите оние кои ги сакаат растенијата, кои уживаат во природата. Нашата среќа е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија. Токму затоа доколку во својата потесна околина креираме зелена оаза која е хармонично уредена, а притоа таа е збогатена со волшебниот мирис на една Лаванда, Јоргован, Розмарин, или декоративна крошна на некоја зимзелени садница, условите за опуштање сме ги обезбедиле!

Ви препорачуваме Туја Смарагд. Издржлива декоративна садница, која одлично се прилагодува на различни услови, може лесно да се обликува, и да се насади на различни места.

Сите оние кои сакаат да ја раскажат својата приказна, да ги споделат своите доживувања и идеи за уредување на сопствениот дом, двор или тераса, или да дознаат повеќе, да се инфомираат како нивната идеја да созреаа се добродојдени во ФОЈА.

Ќе ни биде драго да го споделиме нашето искуство со Вашето и да пронајдеме рацинални растенија и решенија кои совршено ќе Ви одговараат!

Дојдете во Фоја! Бидете наши гости.

Градинарскиот центар ФОЈА (ул. Борис Трајковски 152А) работи секој ден од 8:00-17:00 часот, или уште подобро, закажете детална презентација на нашите производи на тел. 02/ 2 77 20 46 ; 078 362 969

Овој месец имаме исклучително широк aсортиман на растенија погодни пред се за УЖИВАЊЕ И ВОСХИТУВАЊЕ. Ве очекуваме!

Comments are closed.