Ве мачи хронична кашлица? Згмечете банана и додадете ги овие две состојки

October 6th, 2017 | by Gradina Mug
Ве мачи хронична кашлица? Згмечете банана и додадете ги овие две состојки
Лек
0

Благодарение на моќните својства на медот и бананата , ќе се решите од болното и воспаленото грло, кашлицата, а дури и стомачните проблеми.

Состојки:

400 мл зовриена вода

2 средни банани со црни точки

2 лажички мед

Подготовка:

Прво излупете ги бананите и згмечете ги со виљушка или лажица. Би било подобро доколку гмечењето го направите со дрвен есцајг, затоа што поради металниот ќе потемнат. Потоа бананите ставете ги во тенџере и додадете им зовриена вода. Оставете да се натопува некои половина час. Кога смесата ќе се излади, додадете го медот. Важно е да го додадете последен, затоа што, доколку го измешате со жешка вода, ќе ги изгуби своите лековити својства.

Примена:

100 мл од оваа напивка пијте ја четири пати на ден. Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова. Првите резултати ќе ги видите за пет дена.

Извор: makedonijadenes.com.mk

Comments are closed.