Болести кај балконски растенија

May 16th, 2017 | by Gradina Mug
Болести кај балконски растенија
Вести
0

Сите сакаат да уживаат во убаво уредените балкони преполни со цвеќиња во разни бои. Меѓутоа цвеќињата што се постојано изложени надвор ги напаѓаат разни болести и штетници.

Некои растенија се поимуни на одредени болести од други.Така на пример „Pelargoium peltatum Hybrid“, го напаѓаат речиси сите видови болести. Најчесто го напаѓа малиот пајак, кој предизвикува пајажина на дршките од листовите и на младите леторасти, а се појавуваат и жолти точки на горната страна на листовите.

Причина за тоа е сувиот и топол воздух, кој не циркулира (ако растението е поставено во затворен агол). Доколку сакаме да се справиме со овој штетник треба да го прскаме со соодветен инсектицид.

Од другите заболувања треба да се споменат и бактериските заболувања. Најчесто се појавува “Geraium wilt”, или т.н. овенување. Од ова заболување се резултира со овенување и изумирање на постарите листови. Дршките на листовите гнијат, а на листовите се појавуваат кафеави точки. Како главен причинител за ова заболување е бактеријата „Xathomonas“. Ако растението заболи од оваа болест, веднаш треба да се уништи и да се отстрани од другите растенија, бидејќи за оваа бактерија не постои третман.

Други штетници се габичните заболувања кои најчесто се во форма на сива мувла или „Botrytis“. На листовите, дршките или на цветовите се создаваат кафеаво-сиви наслаги. Причина е прекумерното ѓубрење со азотно ѓубриво, а на болеста и годат и влажното и ладно време, како и блиската поставеност на растенијата. Габичното заболување се третира со соодветен фунгицид.

Comments are closed.