Битолчани добија нова фонтана на местото на старата

April 19th, 2017 | by Gradina Mug
Битолчани добија нова фонтана на местото на старата
Вести
0

Веќе е јасно дека Битола доби нова фонтана на местото на старата пред зградата на музејот, известуваат од Телевизија Тера.

Старата беше урната ланската година, а до скоро не можеше да се добие информација што точно се гради.

Откако беа отстранети огради каде што се изведуваа работите, пред празниците, ова е новото место за одмор и на битолчани и на сите посетители на битолското корзо и шеталиште, но и за туристите кои го посетуваат музејот.

Comments are closed.