АФПЗРР: Производителите на млеко и јајца до 5 ноември да поднесат барања за субвенции

October 10th, 2017 | by Gradina Mug
АФПЗРР: Производителите на млеко и јајца до 5 ноември да поднесат барања за субвенции
Вести
0

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември годинава, а висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги потсетуваат млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Исто така, на 5 ноември завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември годинава. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.

Од АФПЗРР информираат дека барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб-страницата www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.

Comments are closed.