Автоматизација на системот за наводнување (втор дел)

October 19th, 2017 | by Gradina Mug
Автоматизација на системот за наводнување (втор дел)
Хортикултура
0

За мерењето на влагата на земјиштето: Кондуктивитет на земјиштето: постои добра корелација помеѓу кондуктивитетот на земјиштето и содржината на влагата во него кај многу градинарски видови.

а) Капацитет на земјиштето- сличен на кондуктивитетот на земјиштето;

б) Тензиометарска вредност- се мери силата на држење на водата во земјиштето.

Овој метод на мерење дава добра проценка колку му е тешко на растението да ја усвои водата што ја има во земјиштето. На тензиометрите не влијае засоленетоста на земјиштето, со што е обезбедено константно исчитување на влажноста, без оглед на содржината на солите во него. Тензиометрите бараат само рутинско оджување;

в) Други сензори:

1) Мерење на масата: може да се мери едно растение или цела гредичка. Промените во масата се поврзани со различната содржина на влага. Долгорочно гледано, масата се менува со порастот на растението;

2) Зафатнина на исцедокот: посевите можат да се наводнуваат се додека одредено количество на исцедок се произведува. Кога ќе се премине тоа количество, наводнувањето престанува. Оваа стратегија не зборува за тоа кога да се наводнува, но зборува за тоа колку вода треба да се додаде. За одредување на должината наводнувањето може да се користи зафатнината на исцедокот од претходно наводнување. Кај овој систем морате да обезбедите репрезентативни растенија кои ќе го претставуваат целиот посев и морате да бидете сигурни дека системот за мерење е безбеден. Секоја од овие растенија има сопствен сензор за мерење. Ова би го намалило бројот на мерења и можноста од грешка, но би ги зголемило трошоците, како и комплексноста на мерењето. Ако е тешко да се изведе мерење на неколку растенија, може да се користи и само едно, но мерните инструменти мораат да бидат под будното око на човекот за да не дојде до грешка.

Comments are closed.